Хрватска не успеа да ја победи Чешка, во второто коло во Д-групата на Европското првенство. Натпреварот во Глазгов заврши 1:1. Чесите поведоа од пенал, на кој му претходеше фаул на Ловерен врз Шик.
Пеналот на некој начин е контроверзниот, бидејќи судијата Де Серо Гранде реши да ја погледне снимката откако го забележа обилното крвавење од носот на Шик.
„Како да не бидам разочаран? Јас воопшто не го видов Шик, одев на топка и тоа беше природна позиција на моите раце. Така скокам цел живот. Како би требало да скокам? Како свеќа, без раце? Јас за ова никогаш не би досудил пенал. Па судијата не го забележа тој момент, подоцна ја донесе одлуката“, рекол Ловерен.
Хрватска, по два натпревари има еден бод и само со победа над Шкотска, во вторник, може да се пласира во осмина-финалето.