Top Sport

Каква лудница меѓу Лацио и Удинезе – осум гола, три црвени картони и 4:4!

Лацио и Удинезе одиграа апсолутно неверојатен меч вечерва во 15. коло од италијанската Серија А, во кој имаше дури шест гола, два црвени картони, многу нервоза и драматично 4:4 реми обезбедено во 99. минута во дуелот на Маурицио Сари и неговиот поранешен помошник, сега тренер на Удинезе, Лука Готи.

Гостите имаа старт од соништата на „Олимпико“, откако по половина час игра имаа 0:2 со двата гола на португалскиот ас Бето (17. и 32. минута), но Лацио одговори бргу откако намали на 1:2 преку Чиро Имобиле во 34. минута. Пред крајот на полувремето, уште еден шок за домаќините – Нахуел Молина во 44. минута зголеми на 1:3.

Ако стартот на Удинезе беше фантастичен во првото полувреме, Лацио се врати силно на стартот на второто – Педро во 51. минута намали на 2:3, пред Сергеј Милинковиќ-Савиќ пет минути подоцна со прекрасен гол да израмни на 3:3.

Драмата само што започнуваше – Патрик го доби вториот жолт картон само минута подоцна, а потоа во 69. минута, црвен и за Молина по удар со лакт за израмнување на силите. Се веруваше дека трите поени за Лацио ги донесе капитенот Франческо Ачерби во 82. минута од мечот, но во долгото продолжение, Удинезе во 99. минута од мечот, Толгај Арслан обезбеди реми за Удинезе.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top