Top Sport

Калчолигашот Торино е заинтересиран за Енис Барди

Италијанскиот калчолигаш Торино е заинтересиран за македонскиот репрезентативец Енис Барди. Според извори од Турција, Торино доставил понуда до Трабзонспор да го добие Барди на едногодишна позајмица, со опција за комплетен откуп на договорот следното лето.

Барди веќе најави дека сака да остане во Трабзонспор откако доби понуди од ЛА Галакси и од Џирона, но можеби оваа идеја за преселба во Италија ќе му делува поинтересно.

Трабзонспор се наоѓа на подготовки во Словенија, вчера Барди постигна гол од слободен удар, а на 25. јули ќе имаат тест и со македонскиот прволигаш Работнички.

Scroll to Top