Top Sport

Лаутаро Мартинез ќе биде нов капитен на Интер

Најдобриот стрелец на Интер, Лаутаро Мартинез, ќе биде новиот капитен на тимот од следната сезона, пренесува „Скај Спорт“. Прва замена на Аргентинецот ќе биде играчот од средниот ред, Николо Барела.

Како што е познато, од „Џузепе Меаца“ како слободен играч си замина поранешниот капитен Самир Хандановиќ, а со клубот се разделија и уште двајца искусни играчи, Милан Шкриниар и Марсело Брозовиќ.

„Нероаѕурите“ мораа да направат избор за нов лидер и се очекува Лаутаро Мартинез отсега да ја носи капитенската лента. Тој е дел од тимот од 2018 година, а Барела им се приклучи една година подоцна. Двајцата долго време се меѓу клучните играчи на Симоне Инзаги.

Scroll to Top