Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, Драги Канатларовски, го објави списокот на фудбалери на кои смета за двата последни квалификациски меча за пласман на Европското првенство 2023 години во Романија и Грузија.
На 2. јуни, на Националната арена „Тодор Проески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, ќе одиграме меч против Украина во Истанбул, Турција.
Филип Трпчевски нема да биде комбинација за мечевите со Ерменија и Украина поради повреда на лигаментите на коленото. На списокот се наоѓаат најголем дел од фудбалери кои се очекува да бидат едни од главните носители на оваа генерација во наредниот квалификациски циклус.
Селекторот на Македонија до 21 година, Драги Канатларовски за претстојните квалификациски дуели ги повика следните фудбалери:
Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Марко Алчевски (Борец), Иван Николовски (Беласица);
Одбрана: Блертон Шеји (Шкупи), Кристијан Тасевски (Аугсбург, Германија), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина), Јован Манев (Брегалница), Виктор Крстевски (Гостивар);
Среден ред: Алекс Златков (Триглав Крањ, Словенија), Димитар Тодоровски (Работнички), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.), Емир Саитоски (Домжале, Словенија), Иван Николов (Вардар), Флорент Рамадани (Шкендија), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Лука Станковски (Газиантеп). Агон Елези (Вараждин), Методи Максимов (Работнички);
Напад: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Дашмир Елези (Шкендија), Марио Илиевски (Септември, Бугарија), Луан Абази (Вил, Швајцарија);
Во групата Х од квалификациите за пласман на ЕП, лидер е Франција со 19 освоени бодови, Украина е на втората позиција со 13 бодови.
Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.