Славниот рапер, Кање Вест беше изненадувачки гостин на тренинзите на Пари Сен-Жермен денеска, каде што доби посебен подарок од Нејмар.
Вест е во Париз за модната недела во француската престолнина, но најде време да го посети Бразилецот, кој се опоравува од повреда, и си замина од „Паркот на принцовите“ со дрес со „десетката“ на Нејмар.
„Беше прекрасно да те сретнам, легендо“, напиша Нејмар на Инстаграм.
Кање е познат по неговиот интерес за спортот – минатата година дури беше сместен на стадионот „Мерцедес Бенц“ на фудбалскиот клуб Атланта јунајтед за да го доснима својот 10. албум „Донда“. Тој честопати е на стадионот на Атланта на мечевите од МЛС лигата.