Фабио Капело по само три натпревари во кинеската Суперлига ќе добие отказ во екипата Џијангсу Сунинг. Екипата на италијанскиот стручњак победи на почетокто на сезоната, а потоа забележа два порази.
Според кинеските медиуми, сопствениците на Сунинг, му врачиле отказ на Капело. Инаку, сопствениците на Сунинг се газди на милански Интер.
Џијангсу Сунинг, во првото коло, го победи Гуижу (3:1), а потоа загуби од Пекинг Гуоан (1:2) и Чонгчин (1:4).
Капело во кариерата бил тренер во Рома, Милан, Јувентус и Реал, а исто така, бил селектор на Англија и Русија.