Top Sport

Шек со порака за Морант: Ти не си рапер, туку си НБА кошаркар

НБА легендата Шекил О’Нил отворено го критикуваше Џа Морант, откако ѕвездата на Мемфис гризлис доби суспензија откако објави видео на Инстаграм со пиштол.

„Тоа беше лош избор, лоша одлука. Мора да престане да се поставува во позиција во која лесно може да го загуби тоа за што работел напорно. Помисли на тие со поголема моќ. Сега ми е жал за него, но исто така ми е жал за неговиот татко и мајка. Низ што поминуваат тие? Затоа момци, пред да направите глупава одлука, не грешка, туку глупава одлука, помислете на другите. На вашиот татко, на вашата мајка, на вашите деца. Не си рапер, ти си НБА кошаркар. Не нам од каде си, со кого се дружиш, тоа не е важно. Ти ги правиш сопствените одлуки“, вели Шек.

Џа Морант суспендиран откако на Инстаграм покажал пиштол

Scroll to Top