Португалскиот тренер Карлос Кеирош пред органите на ФИФА поднел тужба против Фудбалскиот сојуз на Иран. Адвокатите на Кеирош соопштиле дека Иранците не ги испочитувале финансиските обврски кон тренерот во последните шест месеци од нивната соработка.
Кеирош поднесе оставка на функцијата во јануари, откако на Купот на Азија, Иран со 3:0 беа елиминирани во полу-финалето од Јапонија.
Еден месец подоцна португалскиот тренер беше именуван за селектор на фудбалската репрезентација на Колумбија.
ФИФА потврдиле дека ја добиле тужбата што ја поднел поранешниот тренер на Реал Мадрид и селектор на репрезентациите на Португалија, Обединетите Арапски Емирати и Јужна Африка.
Кеирош осум години го предводеше Иран од селекторската позиција. Во својот мандат тој со Иран настапи на СП во 2014 (Бразил) и 2018 (Русија).