Top Sport

Карлос Кеирош нов селектор на Катар

Португалскиот стратег Карлос Кеирош е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Катар. Домаќинот на последното Светско првенство беше без селектор од крајот на минатата година кога истече договорот на Шпанецот Феликс Санчез.

69-годишниот Кеирош е поранешен тренер на Реал Мадрид, а беше и селектор на репрезентациите на Иран, Португалија, ОАЕ, Јужна Африка, Колумбија и на Египет.

Тој неодамна го предводеше Иран на Светското првенство во Катар.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');