Top Sport

Касано: Роналдо има голем проблем со Сари

Кристијано Роналдо има „голем проблем“ со тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, тврди пензионираниот Антонио Касано, коментирајќи ги последните одлуки на тренерот кои го оставија Португалецот исфрустриран.

Ова посебно стана јасно кога Сари двапати го извади Роналдо од игра во мечевите со Локомотив Москва во ЛШ и со Милан во Серија А. Роналдо, очигледно, не беше задоволен, но Сари инсистираше дека тој е повреден, иако подоцна играше во два меча за португалската репрезентација. Касано не верува во оправдувањата.

„Мислам дека Роналдо има голем проблем со Сари. Сè започна со двете замени, кои би го иритирале било кој фудбалер. Мислам дека конфликтот е многу поголем отколку што се мисли, но само Јувентус успева успешно да го држи тоа под контрола“, вели Касано.

Тој исто така смета дека Јуве мора да го остават Војчех Шчесни на клупата и да му дадат шанса на голот на 41-годишниот ветеран Џанлуиџи Буфон, бидејќи тој „уште е подобриот голман“.

„Буфон е далеку подобра опција од Шчесни. Полјакот беше секогаш на клупата во Арсенал зад Мануел Алмунија и Лукаш Фабијански“, вели Касано.

Scroll to Top