Top Sport

Анчелоти откри за кого ќе навива на СП во Катар

За пет дена почнува Светското првенство во Катар. Следува пауза во клупскиот фудбал, а тренерот на европскиот и шпански првак Карло Анчелоти откри за кого ќе навива.

Реал Мадрид испрати многу свои играчи на Светското првенство во Катар.

На голот на белгиската репрезентација ќе застане Тибо Куртоа од Реал Мадрид, а за таа селекција ќе игра и Еден Азар.

Во шпанската репрезентација повикани се Дани Карвахал и Марко Асенсио, а во Франција, Едуардо Камавинга, Аурелиен Чуамени и Карим Бензема.

Од Бразилците од Реал Мадрид повикани се Едер Милитао, Родриго и Винисиус Жуниор.

На списокот на германската репрезентација е и Антонио Ридигер, а на Мундијалот ќе бидат и Уругваецот Федерико Валверде и Хрватот Лука Модриќ.

На Светското првенство нема да биде репрезентацијата на Италија. Шампионот на Европа беше елиминиран од Македонија во полуфиналето на плеј-офот во Лигата на нации, па нема да има можност да се бори за титулата светски првак.

Карло Анчелоти, Италијанецот на клупата на Реал, ќе мора да навива за друга селекција во Катар, а ги издвои сите во кои настапуваат неговите играчи.

„Ќе навивам за Хрватска, Бразил, Шпанија, Германија, Франција, Уругвај, Белгија… Навивам за сите мои фудбалери и им посакувам среќа на Светското првенство“, изјави тренерот на Реал Мадрид.

Scroll to Top