Top Sport

Циркус: Гана без опрема стигна во Катар

Фудбалската репрезентација на Гана, пред два дена пристигна во Катар, но по пристигнувањето во земјата-домаќин на Светското првенство, играчите беа шокирани, кога дознале дека одговорните од Сојузот заборавиле даја понесат опремата.

Гана, во пресрет на Мундијалот ќе одигра контролен меч со Швајцарија. За тој натпревар ќе се снајдат за опрема, но проблем е што постои шанса дресовите да не бидат испорачани до 24.ноември, кога Гана ќе го одигра првиот меч на Мундијалот.

„Ќе биде трка со времето за да се добијатт дресовите навреме за натпреварот против Португалија на 24. ноември. Проблемот е во бавноста на главната пошта во Гана која треба да ја испрати опремата во Доха“, пишува новинарот Марк Леонел Чуамо.

Гана на Мундијалот покрај со Португалија ќе игра и шротив Уругвај, односно Јужна Кореја.

Scroll to Top