Top Sport

На навивачите ќе им се стемни кога ќе видат колку чини чаша пиво во Катар

Светското првенство во Катар ќе се разликува од претходните, а дел од промените ќе почувствуваат и навивачите кои ќе се упатат кон таа земја. Во оваа конзервативна муслиманска земја има ограничувања, но некои од нив ќе бидат приспособени за посетителите.

„Гардијан“ пишува на кој начин ќе се продава пиво додека трае СП. Алкохолот е забранет во Катар, може да се пие само во некои хотели, наведува Гардијан, наведувајќи дека цената на пивото ќе биде повисока, а тоа го најавија и организаторите.

Шефот на организацијата на натпреварувањето, Насер ал Катер, изјави дека ќе се намалат цените на пивото во фан зоните и стадионите, односно дека чаша пиво (пола литар) ќе се продава по цена од 810 денари.

Единстево пиво кое ќе се продава во Катар е „Бадвајзер“, кој е еден од спонзорите на ФИФА. Нагласени се и цените на безалкохолното пиво и водата. Безалкохолното пиво ќе чини 480 денари, а водата 160 денари.

Навивачите се советуваат да пијат вода. „Бадвајзер“, наведува дека оние кои сакаат да купат пиво ќе треба да докажат дека имаат над 21 година, а ќе може да се купат најмногу четири пива по лице.„ Гардијан“, исто така објави дека на „Бадвајзер“, му било кажано да ги премести своите продажни места на помалку видливи локации надвор од стадионите.

Scroll to Top