Top Sport

Еквадор оди на СП без играчот поради кој можеа да останат и без Мундијал

Еквадор е последната репрезентација која го објави списокот на фудбалери за Светското првенство во Катар. Главната вест е дека на неа го нема Бајрон Кастилјо, играчот поради кого на Еквадор му се закануваше исфрлање од Мундијалот. Сепак, тој не се откажа од таа причина, туку поради повреда.

За потсетување, беше утврдено дека Кастилјо ги фалсификувал своите документи и дека тој всушност е роден во Колумбија, а не во Еквадор. Поради ова Чиле побара исфрлање на Еквадор од Мундијалот, но казната сепак беше поинаква.

Следните квалификации за СП, селекцијата на Еквадор ќе ги започне со три бода минус и ќе мора да плати казна од 100.000 франци. И покрај ова, Кастилјо имаше право да настапи на Светското првенство бидејќи има еквадорско државјанство.

Еквадор е во групата А на Светското првенство и ќе го отвори турнирот во Катар со мечот против домаќинот. Во групата се и репрезентациите на Холандија и на Сенегал.

Scroll to Top