Пет дена не делат од почетокот на 21.Светско првенство во фудбал, на претходните 20 мундијали ниту еден играч не успеал два пати да ја освои наградата за најдобра играч на турнирот.
Најблиску до такво остварување бил легендарниот бразилски напаѓач Роналдо. Тој во 1998 година, кога Бразил беше поразен од Франција (0:3) ја освои „Златната топка“, а на чекор до наградата беше во 2002 година, кога со осум гола го предводеше својот тим до титулата.
„Златната топка“ во 2002 година му припадна на германскиот голман Оливер Кан, иако неговата репрезентација беше поразена од Бразил во финалето, кој беше најзаслужен што Германија успеа да стигне до финалето.
На последното СП во Русија наградата за најдобар играч ја освои Лука Модриќ.
Во сегашниот облик наградата „Златна топка“ се доделува од 1982 година, кога за најдобар беше прогласен Италијанецот Паоло Роси.
Најдобри играчи на светските првенства:
1930 – Хозе Насаци (Уругвај)
1934 – Џузепе Меаца (Италија)
1938 – Леонидас (Бразил)
1950 – Зизињо (Бразил)
1954 – Ференц Пушкаш (Унгарија)
1958 – Диди (Бразил)
1962 – Гаринча (Бразил)
1966 – Боби Чарлтон (Англија)
1970 – Пеле (Бразил)
1974 – Јохан Кројф (Холандија)
1978 – Марио Кемпес (Аргентина)
Златна топка:
1982 – Паоло Роси (Италија)
1986 – Диего Марадона (Аргентина)
1990 – Салваторе Тото Скилачи (Италија)
1994 – Ромарио (Бразил)
1998 – Роналдо (Бразил)
2002 – Оливер Кан (Германија)
2006 – Зинедин Зидан (Франција)
2010 – Диего Форлан (Уругвај)
2014 – Лионел Меси (Аргентина)
2018 – Лука Модриќ (Хрватска)