Фудбалската репрезентација на Португалија би можела да остане без уште една важна алка за Светското првенство во Катар. Претходно стана јасно дека напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, ќе го пропушти Мундијалот, а крајно неизвесен е и искусниот дефанзивец на Порто, Пепе.
39-годишниот репрезентативец на Португалија има повреда на коленото, а последен пат имаше минутажа во победата над Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.
Тренерот на Порто, Серџо Консеисао, изјави дека не знае дали ќе може да смета на него уште неколку седмици.
„Медицинскиот персонал ќе направи се што е можно. Дали ќе бидат потребни денови или недели, ќе видиме“, изјави Консеисао.