Бразилскиот напаѓач Рафиња го пофали настапот на соиграчот Нејмар во победата од 4:1 против Јужна Кореја во осминафиналето на Светското првенство во Катар. Иако имаше повреда, Нејмар се појави во стартниот тим, постигна и гол од пенал и беше еден од најдобрите на теренот.
„Признавам, малку сум загрижен што не постигнав гол досега, но тоа не го менува мојот однос кон играта. Давам се за тимот. Ако постигнам гол на СП, секако дека ќе бидам среќен, но најважно е Бразил да оди напред на Мундијалот. Според мене, го имаме Нејмар, најдобриот фудбалер на светот. Секој што мисли дека Нејмар е повеќе зафатен со работи надвор од теренот, нема поим за што зборува и не разбира ништо од фудбалот“, изјави Рафиња.
Бразилците во четврт-финалето ќе се сретнат со селекцијата на Хрватска.