Поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација Бастијан Швајнштајгер не е убеден дека Германија ќе стигне далеку на Светското првенство во Катар. Во интервју за „Дојче веле“, Швајнштајгер изјави дека Франција е најголемиот фаворит на турнирот.
„За мене постои голем знак прашалник во врскан со германскиот тим. Способни сме да ги победиме сите други тимови, но премногу често едноставно не сме константни. Тоа е како бран, 60 минути играме добар фудбал, а потоа во последните 30 минути сме лоши. Се мачиме против репрезентации кои добро се бранат, како против Унгарија неодамна во Лигата на нации. Ако не внимаваш на транзиција и контранапади, ја губиш контролата врз играта. На Светското првенство нашиот прв натпревар е против Јапонија и тоа може да се повтори“.
Светскиот првак со Германија во 2014 година, смета дека Франција прв фаворит на турнирот е Франција.
„Имаат најквалитетни играчи и најдобар микс во тимот. Ако сите се фит, ако е на располагање Пол Погба, тие се фаворити. Погледнете го само Килијан Мбапе… тоа е радост, тој е фантастичен играч. Но, оваа француска екипа има и искуство да игра заедно на голем турнир. Тренерот Дидие Дешамп точно знае што може да побара од играчите на теренот. И Бразил има одличен тим, се разбира. Во добра форма е и Холандија“.