Фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Маркус Тирам е повикан во селекцијата на Франција за Светското првенство. Како што пренесува „Лекип“, Дидие Дешам решил тој да биде 26. играч на неговиот список за Катар. Претходно францускиот селекторот го обајви спискот со 25 имиња.
Маркус е син на светскиот шампион од 1998 година, Лилиан Тирам. Во таа генерација играше и актуелниот селектор Дешан.
Маркус го игра најдобриот фудбал во кариерата, оваа сезона постигна 10 гола на 15 натпревари во Бундеслигата и уште три во купот.
Тој е вториот играч од тимот на Даниел Фарке кој ќе игра на Светското првенство по Јонас Хофман, кој доби повик од германскиот селектор Ханси Флик.
Тирам нема да има лесна задача да избори место во тимот каде за позиции во нападот конкурираат играчи како Бензема, Нкунку, Гризман, Мбапе, Дембеле и Жиру.
Голмани: Уго Лорис (Тотенхем), Алфонс Ареола (Вест Хем), Стив Манданда (Рен)
Одбрана: Бенжаман Павар (Баерн Минхен), Жил Кунде (Барселона), Рафаел Варан (М. Јунајтед), Преснел Кимпембе (ПСЖ), Вилијам Салиба (Арсенал), Лукас Ернандез (Баерн Минхен), Тео Ернандез (Милан), Ибрахима Конате (Ливерпул), Дајо Упамекано (Баерн Минхен)
Среден ред: Адриен Рабио (Јувентус), Аурелиен Чуамени (Реал Мадрид), Јусеф Фофана (Монако), Матео Гендузи (Марсеј), Жордан Верету (Марсеј), Едуардо Камавинга (Реал Мадрид)
Напад: Усман Дембеле (Барселона), Килијан Мбапе (ПСЖ), Карим Бензема (Реал Мадрид), Оливие Жиру (Милан), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Кристофер Нкунку (Лајпциг), Маркус Тирам (Борусија Мехеленгладбах).