Top Sport

Во организацијата на СП Катар вложи 200 милијарди долари, се надева дека ќе заработи 20

Светското првенство во Катар ќе биде најскапото во историјата. Трошоците за организација изнесуваат неверојатни 200 милијарди долари. Русија пред четири години потроши 20 пати помалку пари за организацијата на СП.

Сјајните нови стадиони чинат повеќе од седум милијарди долари, додека системот на подземната железница што поврзува пет од осумте стадиони чинеше околу 36 милијарди долари.

Трошоците за проширување на меѓународниот аеродром Хамад, каде капацитетот беше зголемен од 40 на 58 милиони патници годишно, исто така изнесуваа неколку милијарди долари. Се изградија патишта, хотели, сали…

Со само 2,8 милиони жители, Катар е една од најбогатите земји во светот. Голем дел од трошоците за инфраструктура што му се припишуваат на Светското првенство се дел од поширокиот план за развој на земјата до 2030 година.

Групите за човекови права сè уште вршат притисок врз ФИФА и Катар да ги обесштетат многуте работници кои загинаа или беа повредени за време на градежната експанзија која започна во 2010 година кога Катар ја доби организацијата на СП.

Катар се надева дека ќе привлече повеќе од 1,2 милиони странски навивачи за време на турнирот. Земјата очекува да заработи од Мундијалот 20 милијарди долари.

Трошоци за организација на светските првенства:

СП Катар 2022 година – 200 милијарди долари

СП Русија 2018 – 11,6 милијарди

СП Бразил 2014 – 15 милијарди

СП Јужна Африка 2010 – 3,6 милијарди

СП Германија 2006 – 4,3 милијарди

СП Јапонија/Јужна Кореја 2002 година – 7 милијарди

СП Франција 1998 година – 2,3 милијарди

СП САД 1994 – 500 милиони

Scroll to Top