Top Sport

Кеси ја напушта Барселона, има две понуди од Англија

Франк Кеси не успеа да му се наметне на Чави и во јануари ќе ја напушти Барселона, пренесуваат медиумите во Шпанија.

За неговите услуги е заинтересиран Милан, кој би сакал да го врати на „Сан Сиро“ како позајмен игра, но првите официјални понуди пристигнаа од два премиерлигаши.

Фулам и Астон Вила се подготвени да и платат 20 милиони евра на Барселона за играчот од средниот ред од Брегот на Слоновата Коска.

Со оглед дека Кеси на „Камп Ноу“ пристигна како слободен агент, тоа би била значајна финансиска инјекција за каталонскиот клуб, а дополнително би се ослободиле и од неговата голема плата.

Scroll to Top