Преговорите на релација Милан-Франк Кеси се осудени на пропаст. Кеси, ги одработува последните месеци од договорот со росо-нерите, тој по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч.
Двете страни не можат да се договорат околу платата. Најмногу што може да му понуди Милан е 6,5 милиони евра годишно, што е не ги задоволува апетитите на фудбалерот. Кеси не отстапува од 9 милиони евра на годишно ниво.
Расплетот во овој случај внимателно го следат финансиски моќните клубови: ПСЖ, Манчестер јунајтед и Арсенал.
Кеси ја финишира петтата сезона во Милан. Првите две беше позајмен од Аталанта, Милан потоа за 24 милиони евра го откупи неговиот договор.
Досега одиграл 196 натпревари, постигнал 32 гола.