Top Sport

Кеси за 22 милиони евра се сели во Фулам

Френк Кеси, кој како големо засилување пристигна на „Ноу Камп“, по само шест месеци ќе ја напушти Барселона. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, не е задоволен од довербата што ја добива од тренерот Чави.

Поранешниот играч на Милан, пред еден месец јавно изјави дека сака да го напушти клубот, доколку не се смени неговиот статус. Бидејќи тоа не се случи, Барселона реши да му ја исполни желбата, ќе го пушти да замине.

Кеси е резерва кај Чави, предност во редот за врска имаат Бускетс, Де Јонг, Педри и Гави.

Наводно неговиот поранешен клуб Милан и Јувентус покажале интерес за него. Јуве нема опција да донесе играч кој нема пасош на ЕУ, а Милан има други планови.

Според шпанските медиуми, Фулам испратл понуда за Кеси. Клубот од „Крејвен Котиџ“ за Кеси понудил 22.000.000 евра. Наводно покрај Фулам, за Кеси има интерес и кај Астон Вила.

Каде и да заврши Кеси, Барселона ќе заработи од неговиот трансфер, бидејќи во јули тој пристигна во клубот како слободен играч.

Scroll to Top