Top Sport

„Ужас, Србија против Камерун играше без селектор“

Поранешниот фудбалер,на Атлетико Мадрид, Вердер и Арминија, Раде Богдановиќ, која работи како стручен коментатор на српскиот јавен сервис, РТС, жестокот го критикуваше селекторот ан Србија, Драган Стојкивиќ Пикси, по ремито со камерун (3:3), на Светското првенство во Катар.

Србија, на нестварен начин испу[ти предност од два гола. Камерун за само три минути постигна два гола.

„Никогаш не сум видел некој толку лошо да води натпревар, како што тоа денес го напарави Стојковиќ против Камерун. Како да немавме тренер на клупата“, рече Богдановиќ и продолжи:

„Од слава до очај, ѓаволска фудбалска нација… Кога не си физички подготвен, немаш ниту дисциплина, ниту концентрација. Размислував… Го одигравме натпреварот без тренер на клупата. Никогаш не сум го видел ова. Страшно. Водиш 3:1 и пуштатш петмина да притиснат високо, да играат пресинг, па како селектор треба да мислиш „дај да ја испуштам топката, физички не сме добро подготвени, слична ситуација имав против Бразил. Мојот миленик, малиот Павловиќ се повреди и после тоа се тргна надолу“.

„Никогаш нема да разберам што го сакаше да направи човекот. Што се случи. Во вториот дел ни недостигаше тактика и цврста рака. На 3:1 да си дозволиш контра напади… Ова не сум го видел досега“, рече тој.

Србија во последното коло, на 2.декември, ќе игра против Швајцарија.

Scroll to Top