Њукасл успеа да стигне до возбудливо и заслужено 2:2 реми со Тотенхем, така спречувајќи тимот на Жозе Мурињо да се искачи на четвртото место на табелата и освојувајќи важен поен во борбата за опстанок.
Жоелинтон во 28. минута успеа да го совлада Иго Љорис, откако одбраната на Тотенхем направи лоша грешка во одбраната, но славјето не траеше многу. Во 30. минута, Хери Кејн успеа да израмни, а веќе во 34. минута да го комплетира пресвртот по асистенцијата на Танги Ндомбеле. Но, тимот на Стив Брус, кој беше под огромни критики од своите навивачи во 85. минута
Тотенхем сега се петти со 49 поени, колку што имаат и Ливерпул и Вест хем зад нив, и два поени зад Челси на четвртото место. Њукасл, пак, остануваат на 17-тото место, сега со 29 поени, три поени пред Фулам како прв тим кој би испаднал на само девет меча пред крајот на сезоната.