Авганистанскиот женски фудбалски развоен тим пристигна во Велика Британија по интервенција на ТВ ѕвездата Ким Кардашијан, заедно со еден рабин и со премиерлигашот Лидс јунајтед, ставајќи среќен крај на одисејата на фудбалерките.
Авионот со фудбалерките и членовите на нивните семејства, вкупно околу 130 луѓе пристигнаа во Лондон во четвртокот со помош на асоцијацијата „Цедек“, американската непрофита организација која во август помогна да се евакуира и еврејската заедница во Кабул. Основачот на асоцијацијата, рабинот Моше Маргеретен побарал помош од Кардашијан за финансирање на операцијата, и таа веднаш го исполнила барањето, а помогнале и од тимот на Лидс јунајтед.
Ова е последен случај на спортисти и посебно спортистки, кои си заминаа од Авганистан по преземањето на власта од страна на Талибанците во август.
Great mission accomplished team landed safely in UK ?? ? Now, time to get as much support as possible to help them in their resettlement process. 130 people made it safe. Thanks to everyone ??✈️? pic.twitter.com/y5zYWAbVdD
— Khalida Popal (@khalida_popal) November 18, 2021