Top Sport

Кин му подготви божиќен подарок на Карагер: Дрес од Јунајтед со Роналдо на грбот

Рој Кин вели дека има идеја за совршен божиќен подарок за стариот ривал од Ливерпул, Џејми Карагер по нивната фантастична расправија околу Кристијано Роналдо минатиот месец – дрес од Манчестер јунајтед со Роналдо на грбот.

По 1:1 ремито со Челси на „Стемфорд бриџ“, двајцата се расправаа за изненадувачката одлука да не биде стартер, започнувајќи епска расправија која мора да се види (линкот подолу).

Кин, кој сега има посебна емисија со поранешниот дефанзивец на Манчестер сити, Мајка Ричардс: „Возење дома за Божиќ“, вели дека има подарок за Карагер.

„Дрес од Јунајтед, со Роналдо на грбот, би било прекрасно нели? Бидејќи секогаш зборува само лошо за него“, вели Кин.

Ирецот потоа сепак, има и добри зборови за својот колега од „Скај спортс“, согласувајќи се со Ричардс дека Карагер е „пристојна фудбалска личност“. Сепак, не до толку, откако Ричардс кажа: „Секогаш има цврсти ставови, но знае за што зборува“. Кин кратко одговори; „Па, не би одел до таму“.

Кин и Карагер со епска расправија за Роналдо!

Scroll to Top