Скандал ја тресе фудбалската репрезентација на Кина, откако властите покренале истрага против четворица фудбалери. Кинезите ги истражуваат сомнежите дека некои репрезентативци го наместиле резултатот на натпреварот против Иран (0:3) одигра во рамките на четврт-финалето во Купот на Азија.
Кинеските медиуми пишуваат дека под истрага се дефанзивците Ши Ке и Фенг Џиаотинг, односни играчите од редот за врска Ву Џи и Хао Јунмин. Наводно овие четворица пред натпреварот со Иран во голема сума на пари се обложиле на победа на Иран.
Репрезентативците на Иран головите во четврт-финалето ги постигнаа во 18., 31. и 91.минута.
Интересно, селекторот Марчело Липи кој по натпреварот поднесе оставка, во првото полувреме од игра извадил двајца од четворицата фудбалери против кои се води истрагата. Ву бил заменет во 25.минута, а три минути подоцна играта ја напуштил и Фенг.