Далма Марадона, ќерката на Диего Армандо Марадона, не можеше да ги сокрие солзите откако фудбалерите на Бока јуниорс му оддадоа почит на нејзиниот татко за време на мечот со Њуелс олд бојс во неделата.
Седејќи во „боксот“ на нејзиниот татко на славната „Бомбонера“, каде што Диего играше двапати на почетокот и на крајот на кариерата, 33-годишната Далма беше во солзи кога фудбалерите на Бока отидоа до аут-линијата пред неа и поставија дрес на Марадона аплаудирајќи откако Едвин Кардона го постигна првиот гол во 2:0 победата.
Дуелот во аргентинската Примера дивизион постави еден против друг два од поранешните клубови на Марадона и двата клуба носеа маички со неговиот лик, а кога започна мечот, сите фудбалери на грбот го имаа името на „Ел пибе дел оро“.
The raw emotion of Dalma Maradona, Diego’s daughter, upon receiving an ovation from Boca Juniors after scoring the game’s opening goal.
— Nico Cantor (@Nicocantor1) November 29, 2020