Top Sport

Ќерките на Марадона против мечот Барселона-Бока во негова чест

Ќерките на фудбалската легенда Диего Марадона, нема да се појават на мечот во чест на нивниот татко помеѓу Бока јуниорс и Барселона во Саудиска Арабија поради несогласувања со адвокатот на нивниот починат татко.

Објавата за играње на мечот на „Мрсол парк“ во Ријад, Саудиска Арабија зачуди многумина, бидејќи дуелот на два легендарни тима сигурно ќе ја наполнеше и „Бомбонера“ во Буенос Аирес и „Ноу Камп“ во Барселона, а од натпреварот отсуствува и клубот каде што Марадона најмногу постигна, неговиот сакан Наполи.

Ќерките го обвинуваат адвокатот Матијас Морла дека го организирал мечот и дека нелегално зборува како претставник на Марадона, кој почина од срцев напад на 60 години минатиот ноември.

„Тоа е човекот кој му се приближи на мојот татко како навивач и сега тврди дека е сопственик на правата за ликот и името на мојот татко, а не неговите деца“, вели Далма Марадона за аргентинскиот „Куатро“.

Далма и нејзината сестра Џанина според аргентинските медиуми се вклучени во легална битка со Морла околу брендот Марадона, по што финансиската полиција влегла во канцеларијата на Морла, кој неодамна ги обвини ќерките дека го оставиле Марадона да умре сам.

„Тој умре сам, освен неговите сестри со кои зборуваше секој ден, и неговата поранешна девојка Вероника Охеда, која доаѓаше да го види со нивниот син Диегито Фернандо. Ќерките ги немаше никаде“, изјави неодамна Морла, кој тврди дека има потпишан документ од 2015 година со кој ги добива правата на ликот на Марадона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dalma Maradona (@dalmaradona)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianinna Maradona ? (@giamaradona)

Адвокатот на Марадона: Покрај толку пари, умре сам и напуштен, во празна куќа!

Барса и Бока ќе играат „Марадона куп“ во декември

 

Scroll to Top