Top Sport

КЛ: Башакшехир првопласиран во групата, триумф и за Фиорентина

Турскиот претставник Башакшехир го освои првото место во групата А од Конференциската лига на УЕФА откако го победи Хартс со 3:1 на домашен терен. Турците имаат 11 бода, идентично како и Фиорентина, која славеше на гости против РФС со 0:3, но и подобар меѓусебен дуел.

Ндајишмије во четвртата минута донесе предност за Башакшехир, а Гурлер зголеми на 2:0. Третиот гол беше дело на Озкан, а Хартс постигна почесен погодок преку Аткинсон.

Фиорентина го победи РФС со 0:3, со головите на Бакар, Кабрал и на Сапонара во првото полувреме од дуелот.

Scroll to Top