Top Sport

Крадците во Неапол не му „простија“ на Кварацхелија: Го снема автомобилот купен пред еден месец

Квича Кварацхелија е голема ѕвезда на Наполи и еден од адутите на тренерот Лучијано Спалети во трката за титулата во Серија А, но крадците од Неапол не му простија кога е во прашање неговиот автомобил. Кога се разбудил, Грузиецот сфатил дека му го нема автомобилот марка Mini Countryman, а го купи пред само еден месец.

Кражбата се случила во текот на ноќта, а популарниот „Кварадона“ мораше да замине во полиција да пријави, па потоа и да се снајде за да дојде на тренинг.

Scroll to Top