Top Sport

КЛ: Ница го победи Партизан, Лука Јовиќ блесна за Фиорентина

Ница го победи Партизан со 2:1 во петтото коло на Конференциската лига на УЕФА и го презеде врвот во групата. Николас Пепе во 29. минута донесе предност за домашните, а израмни Рикардо Гомеш во 74. минута. Сепак, само три минути подоцна Лемина го врати водство за Ница, а на крајот тоа беше доволно и за триумф.

Фиорентина славеше против Башакшехир на „Артемио Франки“ со 2:1. Турскиот тим поведе преку Алексиќ, но Лука Јовиќ со два гола се погрижи за пресврт обезбедувајќи му на својот тим место во нокаут рундата.

Вилјареал одигра реми 2:2 со Хапоел Бер Шева на домашен терен. АЗ Алкмар славеше на гости кај Вадуц со 1:2, а Андерлехт ремизираше со ФЦСБ (2:2). Австрија Виена и Лех Познањ одиграа 1:1.

Scroll to Top