Патрик Клајверт го паметиме како најмлад стрелец во финалните мечеви во Лигата на шампионите, а по неговите стапки тргна и Џастин Клајверт во дресот на Рома. Клајверт постигна гол во убедливата победа на Рома, над Викторија Плзен (5:0).
Со 19 години и 150 дена, Клајверт стана најмладиот играч на Рома што постигна гол во елитното натпреварување.
Исто така тој е најмладиот Холанѓанец што постигнал гол за екипа што не е од Холандија, во Лигата на шампионите.
Претходниот рекорд го држеше Ола Џон, кој во 2012 година, на возраст од 20 години постигна гол за Бенфика.
Инаку ова е деби гол за Клајверт во дресот на Рома.