Познатиот англиски судија Марк Клатенбург, смета дека Феликс Брих, синоќа, не требало да му покажа црвен картон на Кристијано Роналдо. Сепак Клатенбург смета дека поголема грешка направил помошниот судија, чије мислење го прифатил Брих.
Брих мислел дека Роналдо во дуелот со Муриљо го користел лактот, додека играчот на Валенсија лежел на тревата, поради што и побарал мислење од помошникот.
„Солзите се доказ дека тешко му падна исклучувањето на дебито за новиот клуб во ЛШ, што само покажува колку голем борец е Роналдо“, рекол Клатенбург и дополнил.
„Интензитетот на прекршокот не беше силен, поради што не ми е јасно како помошникот, кој е оддалечен 20 метри, можел да види дека Кристијано го користел лактот во дуелот. Да бев на местото на Брих ќе досудев фаул за Валенсија и ќе им покажав жолти картони на Роналдо и Муриљо“, рекол англискиот судија.