Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Челси нема да можат да продолжат со трошењето пари по доаѓаето на новиот газда, Тод Бели. Во саботата, Челси го комплетираа петтото засилување во јануарскиот преоден рок со договор од 100 милиони евра, откако претходно ги добија Жоао Феликс од Атлетико Мадрид (на скапа позајмица), Беноа Бадијашил од Монако, Андреј Сантош од Васко да Гама и Давид Датро Фофана од Молде.
Од друга страна, Ливерпул го донесоа само Коди Гакпо од ПСВ Ајндховен, и пред саботното дерби на „Енфилд“, Клоп го кажа своето мислење.
„Не гледам дека во иднина инвестирањето во играчи ќе сопре, така што и ние ќе треба да го правиме тоа. Верувам во тренирање, развивање и градење тим сто отсто. Но, и другите менаџери веруваат во тоа. Ако тие трошат, а ние не, тогаш ќе имаме проблем. Но, не сум сигурен дека Челси можат да продолжат вака 10 години“, вели Клоп.