Top Sport

Клоп: Да не се вакцинираш е исто како да возиш кога си пијан

По шпекулациите дека голем број на фудбалери во англиската Премиерлига одбиваат да бидат вакцинирани за КОВИД-19, менаџерот на Јирген Клоп вели дека 99 отсто од неговите фудбалери ја добиле вакцината, и објасни зошто е потребно да се стори тоа.

Англиските медиуми тврдат дека само седум клуба во Премиерлигата имаат над 50 отсто вакцинираност во својот тим.

„Ние имаме 99 отсто вакцинирани, не морав да убедувам никого, фудбалерите сами го направија тоа. Не сум лекар, така што можам да дадам само совет. Од каде имам информации? Ги повикав докторите кои ги познавам со години и ги прашав што мислат. Затоа и јас се вакцинирав, бидејќи сум во возрасна група каде што може да биде многу незгодно. Можеби сум наивен, но ќе објаснам. Да не се вакцинираш е како да возиш под дејство на алкохол. Сите сме имале ситуација во која сме испиле едно-две пива и сме сметале дека можеме да возиме, но законот не го дозволува тоа. Законот не е тука да ме заштити мене, туку другите луѓе бидејќи јас сум пијан и сакам да возам. Сите знаеме дека алкохолот не е добар за нашето тело, но го пиеме. Не сфаќам зошто вакцините би биле ограничување на слободата“, вели Клоп.

Scroll to Top