Top Sport

Пеп удри по легендите на Јунајтед: Не го видов тој карактер кога ги уништивме со Барселона

Пеп Гвардиола имаше брутален одговор кон легендите на Манчестер јунајтед, Патрис Евра и Димитар Бербатов кои поставуваа прашања околу неговата способност како менаџер, потсетувајќи на тимот на Барселона кој ги „уништи“ во Лигата на шампионите.

По елиминацијата на Сити по „колапсот“ против Реал Мадрид, Евра изјави дека Гвардиола не може да тренира „луѓе со карактер“, посочувајќи дека фудбалерите одат во Сити само за парите, додека Бербатов вели дека Сити едноставно немале концентрација и фокус на „Бернабеу“, а критики имаше и од Кларенс Сидорф, кој посочи дека фудбалската филозофија на Гвардиола е „неуспех“.

Евра и Бербатов беа дел од тимот при поразот во финалето во 2009 година од Барселона, а Евра беше на теренот и при поразот во 2011 година, и Пеп ги потсети на тие порази.

„Не можете да имате карактер бидејќи примате два гола во една минута веднаш откако имате шанса за гол? А откако постигнавме 19 гола во последните четири меча одеднаш имаме карактер? Извинете, но целосно не се согласувам. Истиот карактер кој загуби во Мадрид го имаме последните години. Специјалисти поранешни фудбалери како Бербатов, Сидорф и Евра не беа таму. Сум играл против нив и не видов таков карактер кога ги уништивме Јунајтед во финалето на Лигата на шампионите“, одговори Гвардиола.

Scroll to Top