Top Sport

Клоп ќе ги има на располагање Вирџил ван Дајк и Тијаго Алкантара за дербито против Арсенал

Вирџил ван Дајк и Тијаго Алкантара најверојатно ќе му бидат на располагање на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, за неделното дерби со Арсенал на „Енфилд“. Централниот дефанзивец го пропушти натпреварот против Челси, но сега тренира со полн интензитет.

Шпанецот Тијаго Алкантара нема играно од февруари поради повреда на бутниот мускул, но веќе неколку дена е во транажен ритам и исто така треба да биде вклучен во составот на „црвените“ за пресметката со лидерот во Премиерлигата.

„Вирџил ван Дајк ги продолжи тренинзите. Тренираат и Луис Дијаз и Тијаго Алкантара. Планот за Луиз е да биде 100% за натпреварот со Лидс. Тој беше надвор долго време, па мораме да бидеме внимателни. Веројатно нема да го користиме во недела. Ситуацијата со Тијаго е малку поинаква. Тој веќе тренираше три-четири пати со тимот, па може да биде на располагање. Ќе треба да видиме како ќе се чувствува“, изјави Клоп.

Менаџерот на Ливерпул има максимален респект кон лидерот Арсенал.

„Микел Артета гради нешто веќе неколку години и резултатот е импресивен. Има добар фудбал и екстремни емоции во играта на Арсенал. Тоа отсекогаш бил добар начин за играње. Не знам што да кажам за нас, но ќе играме дома и мора да покажеме реакција“, истакна германскиот стратег.

Scroll to Top