Top Sport

Клоп: На Солскјер не му се потребни совети

Иако Оле Гунар Солскјер има само две лигашки победи со Манчестер јунајтед оваа сезона, менаџерот на лутите ривали Ливерпул, Јирген Клоп инсистира дека не му се потребни никакви совети како да си ја врши својата работа.

Додека Јунајтед има историски најслаб старт во ерата на Премиер лигата, Ливерпул во недела на „Олд Трафорд“ пристигнува со осум победи во осум меча и со предност од 15 поени пред Јунајтед.

„Совет? Не му е потребен. Тој е во тој клуб веќе 10 или 15 години. Беше таму како фудбалер, сега е како тренер и знае сè што му е потребно. Има искуство како тренер. Знам дека многумина сметаат дека треба да бидеш тренер во голем клуб за да ги научиш работите, но тоа не е вистина. Тој само треба да си разработи својата работа. Така беше и со мене. Затоа многу менаџери добиваат отказ, некој губи трпение. Од моја гледна точка, тој е среден таму, а сите знаеја дека ќе им биде тешко. Никој не губи од тебе само бидејќи си Ливерпул или Манчестер јунајтед. Од друга страна, кога играат против вакви тимови, другите тимови влегуваат помотивирани. Не верувам дека треба да се грижите за Оле. Тој има шанса да победи, а нашето е да го спречиме“, вели Клоп.

Откако беше побарано да ја спореди ситуацијата на Солскјер со таа која ја имаше тој на почетокот на кариерата во Ливерпул, Клоп беше јасен.

„Немам идеја каква е неговата ситуација, бидејќи не е важно што пишуваат новинарите ,туку што му кажува бордот, Ед Вудвард и семејството Глејзер. Јас би сакал секој тренер да има време да ги спроведе своите идеи, но не е можна споредба. Во Манчестер јунајтед никој не сака да чека за успех, истото е во секој голем клуб“, додава Клоп.

Scroll to Top