Јирген Клоп вели дека нема никакви проблеми со Садио Мане, откако сенегалскиот напаѓач одби да се ракува со менаџерот по 4:2 победата над Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“.
Сенегалецот очигледно беше исфрустриран што не беше старте на мечот, откако Роберто Фирмино, Диого Жота и Мо Салах беа во нападот од стартот, а тоа беше оправдано откако тројцата постигнаа по еден гол. Клоп и по мечот велеше дека нема проблем со 29-годишниот Сане, и сега сака новинарите да не прават „голема работа“ со приказната.
„Не можам да направам поголема приказна отколку што навистина е. Фудбалот е емотивна игра и сите очекуваат постојано да ги контролираме емоциите, што, секако не успева. Тоа ми се случило и мене како фудбалер, и на други фудбалери кои сум работел. Ова не е првпат во мојот живот, и мислам дека нема да биде последен. Медиумите сакаат поголеми наслови, но јас сум опуштен. Да ме видевте мене како фудбалер, какви работи правев од емоциите, тоа беше лудо. И јас сум сосема нормален човек, но ми се случиле такви моменти. Ништо повеќе“, вели Клоп.
Sadio Mane blanked Jurgen Klopp after being benched against Man United ?
(via @footballdaily)pic.twitter.com/elnZN9USEW
— ESPN FC (@ESPNFC) May 14, 2021