Top Sport

„Клоп се навикна да победува со голови од офсајд“

Менаџерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини рекол дека неговиот тим пропуштил добра шанса да ги победи Ливерпул. Вест Хем и Ливерпул синоќа одиграа 1.1, а Пелегрини се присетил на натпреварите што ги играл против екипите што ги предводел Клоп. Тие мечеви тимовите на Пелегрини ги губеле со голови постигнати од офсајд.

Ливерпупл против Вест Хем постигна гол преку Мане, откако Сенегалецот доби топка од Милнер кој беше во „дебел“офсајд. Во последните секунди судиите не го видоа ниту офсајдот на Ориги кој се најде во чиста шанса. Поради тоа Пелегрини се вратил во минатото и се присетил на некои моменти.

„Клоп се навикнал да победува со голови од офсајд. Ме победи кога ја тренирав Малага со гол ко беше постигнат од офсајд. Поради тоа не може и не смее да се жали. Дадоа гол од офсајд, Милнер беше еден метар во офсајд, а во последната минута и Ориги беше во офсајд, а сето тоа се случуваше пред линискиот судија. Реков пред дуелот дека мечот треба да го добиеме за нашите навивачи и за да му помогнеме на Манчестер сити, и тоа исто така е мој клуб. Можеби тоа не му се допадна на Клоп“, рекол Пелегрини.

Ливерпул пак загуби поени, само реми со Вест хем! (видео)

Scroll to Top