Одличната игра на Хаким Зијеч во Лигата на шампионите донесе голем интерес за мароканскиот плејмејкер на Ајакс во Премиер лигата, и повеќе клубови ќе се обидат да го донесат ова лето.
Зијеч беше еден од клучните фудбалери во фантастичната сезона на „копјаниците“, предводејќи го тимот до полуфиналето од ЛШ по победите во Реал Мадрид и Јувентус, а уште трае и борбата за титулата во Холандија.
Според „Дејли мирор“, цената на Зијеч е неверојатно ниска (само 25 милиони фунти) и Арсенал, Ливерпул и двата клуба од Манчестер се заинтересирани да го донесат Мароканецот. Сепак, ситуацијата ја следат и во Реал Мадрид и Јувентус, така што е можно да дојде до „наддавање“ за услугите на 26-годишниот Мароканец.