Гронинген потврдија дека нивниот 18-годишен талент, Лудовит Реис, направил трансфер во Барселона со долгорочен договор во кој е вклучена клаузула од 100 милиони евра.
Се верува дека Барселона платиле 3 милиони евра за Реис, кој е роден во Холандија, а неговите родители се од Словачка, но Гронинген може да заработи дополнителни 5 милиони евра ако се исполнат другите услови.
Реис е „продукт“ на академијата на Гронинген, од каде претходно дојдоа и Виргил ван Дајк, Арјен Робен, Душан Тадиќ, Луис Суарез и Дејли Блинд, и дебитираше за првиот тим во септември 2017 година. Тој ќе остане запишан во историјата на Ередивизие, бидејќи неговиот гол против Спарта Ротердам го направи првиот фудбалер роден во 21-виот век кој постигнал гол во холандската екипа.
??? LATEST NEWS: Dutch midfielder Ludovit Reis joins Barça from FC Groningen, where he played 50 official games, signing a deal for the next three seasons
? Welcome, Ludovit!
? https://t.co/KSjj09muQI #ForçaBarça pic.twitter.com/tpX3c4Tw2u
— FC Barcelona B (@FCBarcelonaB) May 23, 2019
Реис беше постојано во првиот тим на Гронинген и техничкиот директор на холандскиот клуб, Марк-Јан Фледерус вели дека трансферот е комплимент за клубот.
„Младинскиот скаут ги препозна квалитетите на Лудовит уште пред четири години и го убеди да потпише за нас. Нашите тренери му помогнаа во развојот и тој многу млад успеа да се избори во првиот тим. Ова покажува дека е можно талентирани млади фудбалери во Гронинген да направат трансфери во клубови како Барселона. Му посакуваме успех“, вели Фледерус.