Левиот бек на Рома Александар Коларов во летниот преоден рок би можел да ја засили екипата на Црвена ѕвезда, пишуваат италијанските медиуми. Коларов играл во младинските категории на Црвена ѕвезда, но никогаш не стигнал до првиот тим.
Рома планира реконструкција на тимот во летниот преоден рок, а Коларов со платата од два милиони евра претставува товар и за клупскиот буџет. Поради високите плати од Рим ќе замина и Џеко, Пероти, Нзонзи…
Првиот човек на Црвена ѕвезда, Звездан Терзиќ, потврдил за „Теле радио стерео“, веќе ги остварил првите контакти со Коларов.
„За Александар вратите секогаш се отворени, моја желба е тој да се врати овде“, рекол Терзиќ.
Симпатиите кон Црвена ѕвезда не ги крие ниту Коларов, кој во едно интервју признал дека е голем навивач на овој клуб.
Aleksandar Kolarov could leave #ASRoma this summer for a return to his boyhood club Red Star Belgrade https://t.co/DPzvq5y9L6 Crvena Zvezda pic.twitter.com/TrvE3qIa9b
— footballitalia (@footballitalia) May 28, 2019