Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед побара Фиорентина и другите клубови во Серија А да не бараат алиби по поразите од италијанскиот шампион, бидејќи „искрено“ му е веќе мака од таквата ситуација.
Новиот газда на Фиорентина, Роко Комисо изјави дека му се „гади“ од судењето при 3:0 поразот, откако на „бјанконерите“ им беа досудени два пенали, кои ги реализираше Кристијано Роналдо.
„Претседателот ја има мојата почит, но постојано гледаме иста приказна против Јувентус, како ние да не ги заслужуваме нашите победи. Веќе ми е мака од такви работи. Време е да престанат да бараат изговори кога играат против нас. Ние победуваме бидејќи играме добро“, изјави Недвед.
Претходно Комисо побара Јувентус да не добива помош од судиите.
„Тука сум шест месеци, никогаш не кажав ништо против судиите, но денеска видовме дека тие можат да го одлучат мечот. Ми се гади. Можеби првиот пенал беше, но вториот сигурно не беше. Јувентус имаат скап тим, не им е потребна дополнителна помош, како сега, против Џенова и портив Интер. Не заслужуваме ваков однос“, вели Комисо.
Два пенали, двапати Роналдо и нова победа на Јувентус (видео)