Top Sport

Конте бара да му го донесат Љоренте

Антонио Конте се обидува да донесе уште еден напаѓач во Интер, напаѓач кој ќе биде замена за Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.

Бидејќи Интер немаат пари за скап трансфер изборот падна на искусниот Фернандо Љоренте.

Шпанецот е играч на Наполи, но во новата сезона речиси и да нема шанси да заигра покрај Мертенс, Осимен и Петања.

Наводно Интер имаат намера да го позајмат од Наполи и да ја преземат неговата плата. Поранешниот играч на Атлетик Билбао, Тотенхем и Јуветус има годишна плата од 2.500.000 евра.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');