Новиот тренер на Интер, Антонио Конте признава дека има „јасна разлика“ помеѓу неговиот клуб и Јувентус и Наполи во Серија А, но додава дека со доаѓањето на Ромелу Лукаку, оваа разлика треба полека да се намали.
Поранешниот тренер на Челси и Јувентус, како и селектор на италијанската репрезентација, вели дека разликата од 11 поени од второпласираниот Наполи минатата сезона е огромен пред отварањето на сезоната во понеделник против новиот прволигаш Лече.
„Трката започнува. Работиме на вистински начин, сакаме да направиме нешто значајно. Треба да видиме дали ова ’заттрчување’ ќе не лансира напред или треба да одиме со помали чекори. Има разлика до другите тимови, но не сакаме да се ограничуваме и не сакаме изговори. Не знам за што ќе се бориме, но знам дека ќе мораме да работиме понапорно од другите. Дали преодниот рок ја намали разликата со Јувентус и Наполи? Само времето ќе покаже. Покрај трансферите треба да работиме и на постојаност на нашата база“, вели Конте.
Покрај Лукаку во тимот дојде и Валентино Лазаро, додека Матео Политано го направи својот престој на „Сан Сиро“ постојан, а се шпекулира дека до крајот на преодниот рок ќе пристигне и Алексис Санчез.
„Јас имам високи очекувања кои сами ги поставувам. Потребен е тој притисок за да биде пренесен на фудбалерите. Не барам некој да не сожалува. Лукаку пристигна полн со ентузијазам и работи напорно. Има голем потенцијал во мојот тим“, вели Конте.
IN DIRETTA! la conferenza stampa della vigilia di Inter-Lecce, esordio dei nerazzurri in Serie A https://t.co/EjwnXv4uHK
— Inter (@Inter) August 25, 2019