Top Sport

Конте му одговори на Клоп: Само си бара изговори

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте вели дека неговиот ривал од Ливерпул, Јирген Клоп си барал „алиби или изговор“ по критиките за дефанзивната игра на лондонскиот клуб во саботното 1:1 реми.

Клоп изјави дека никогаш не би играл со тактика каква што пристигна Конте на „Енфилд“, иако Тотенхем ги имаше поголемите шанси на мечот и можеше да стигне до победа и посочи дека со толку квалитетни фудбалери морале да играат поинаку. Конте не остана покус во одговорот.

„Тој беше фрустриран по мечот, но во исто време за секој тренер најважно е да научи да се фокусира на сопствениот тим, а не на противникот. Тоа значи дека си бараш изговор или алиби бидејќи погрешно си ја завршил работата“, изјави Конте.

Клоп подоцна изјави дека згрешил што го критикувал Конте, инсистирајќи дека го почитува италијанскиот тренер, а Конте, пак, исто така одговори со убави зборови.

„Искрено, не е лесно да се даваат изјави по мечеви. Мораш да останеш смирен, а тоа не е секогаш можно. И на мене ми се случува. Имам голема почит кон Јирген и знам дека тој ме почитува мене“, додаде Италијанецот.

Клоп удри по тактиката на Конте: Не ми се допаѓа тој тип на фудбал

Scroll to Top